Изложба на Вана Урошевиќ во Софија

Од:

Во Културно информативниот центар во Софија денеска во 18.30 часот ќе биде отворена изложбата на македонска уметница Вана Урошевиќ насловена како „Невидливиот медиум на чудесното”. На оваа самостојна изложба уметницата ќе се претстави со 50 дела, работени со вез на рачно обоена свила.

Изложбата е финансиски помогната од македонското Министерство за култура, а ќе ја отворат директорот на Македонскиот културен Центар во Софија, Васко Шутаров, и директорката на Музејот на современа уметност, Елиза Шулевскa.

Вана Урошевиќ за прв пат изложува самостојно во Софија, а нејзината изложба посетителите ќе можат да ја видат до 19 март.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“