Изложба на уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска во Загреб

Од:

Денеска во Музејот на современа уметност во Загреб, изложба наречена „Дијалог (форма на одговор) ќе имаат македонските уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска.

Изложбата е втора од серијата од три изложби кои ги собираат и мапираат индивидуалните и заедничките интереси на уметниците.

Првиот дел беше изложбата Пролог (форма на прашање), која што се одржа во септември и октомври во Апотека – простор за современа уметност во Водњан.

Третиот дел ќе биде насловен Епилог (форма на расправа), а ќе биде претставен во Музејот на современа уметност во Скопје, како и во Проектниот простор Press to exit.

– Изложбената поставка во Музејот на современа уметност во Загреб е замислена така да ја ревидира и преуреди нивната уметничка практика на самото место, создавајќи контекстуална рамка во галериите на постојаната збирка на музејот, раздиплувајќи ја изложбата како фрагментиран „ретроспективен” поглед. Со ненаметливо поврзување на избраните уметнички дела, преку прекршувања и нагласувања, тие создаваат нови видливи и невидливи поврзувања, велат организаторите за изложбата.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин