Изложба на учесници на „Остен Биенале на наградени автори 2015“

Од:

Во хотел „Аполонија“ во Гевгелија вечер ќе биде отворена изложба и ќе бидат доделени награди на уметниците кои учествуваа на „Остен Биенале на наградени автори 2015“ – манифестација која Галеријата „Остен“ ја организира во непарните години.

На изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците кои учествуваа во овогодишната Програма за престој на уметници „Златен Остен“, која се одржа од 7-ми до 18 септември 2015: Стоимен Стоилов и Венцеслав Антонов од Бугарија, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Игор Јосифов,  Невзат Бејтули Кица, Атанас Атанасовски, Гоце Божурски, Касиопеја Наумоска, Гоце Илиевски.

На уметниците ќе им бидат доделени награди Гран-при, Посебно Гран-при (награда за легат), Награда од Аполонија, награда „Златен Остен“ и посебни награди.

Учесниците на изложбата „Остен Биенале на наградени автори 2015“ се наградени уметници од претходните изданија на манифестациите: Остен биенале на цртеж, Остенови уметници на годината, како и гости и соработници на Остен.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска

„Остен“ одбележува 75 години со две изложби од 1 до 10 октомври

Ана Ололовска

Изложба на слики, цртежи и графики од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“

Ана Ололовска

Завршува „Остен биеналето на наградени автори 2019“ во Охрид

Ана Ололовска