Изложба на творешното на Горан Дачев-Горанд

Од:

Во Музејот на град Скопје – Скопје, вечерва ќе биде отворена изложба на дел од рецентното творештво на Горан Дачев-Горанд. изложбата опфаќа 100 дела создадени во последните десетина години.

Горан Дачев (1970) е автодидакт посветен на творење графичка нарација (стрип) и црно бел цртеж на хартија и платно, сепак полноправно авторски активен од 1991, кога и го објавува првиот стрип во Макстрип, а од 1995 е сосема посветен на алтернативното андерграунд стрип творештво и активен објавувач во разни специјализирани за независен стрип, магазини во Македонија,  поранешна Југославија, како и во неколку независни магазини во Швајцарија, Германија, Канада, Италија, Литванија. Во 2008 , помогнат од “Прес ту Ексит”, го објавува и самостојниот проект, стрип книгата Меланж…

Изложбата ќе биде достапна за посетителите до 26 октомври 2014 година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“