Изложба на Томе Мишев во Софија

Од:

Во организација на Националната галерија на Македонија, денеска, во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија, ќе биде отворена изложба на македонскиот ликовен уметник Томе Мишев.

Мишев поттикот за создавање на своите нови светови, го наоѓа трагајки по кинатото и искуството од претходниците.

– Мишев силно субјективно, промислено ја реинтерпретира традицијата водејќи сметка за личната поетика и сопствените ставови и своите чувства. Неговото дело најблиску е до експресионизмот на новиот тип, кој се темели на најубавите традиции, а истовремено ги прислушува сигналите на своето време. Инспиративните поттици го одразуваат поднебјето од кое потекнува (македонското) богато со боја, топлина, раскошна светлина што Сонцето несебично му ја дарува. За него поднебјето не е само пејзаж, туку тоа се и ликови кои се инкорпорирани на таков начин во просторот и атмосверата…, вели организаторот кон изложбата на Мишев.

Томе Мишев е роден 1958 година во Струмица. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Самостојно изложувал во Скопје, Струмица, Кавадарци, Неготино, Куманово, Сараево, Бања Лука, Венце, Нирнберг, Софија…

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“