Изложба на Теута Хоџа-Имери во Софија

Од:

Во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска ќе биде отворена изложба на Теута Хоџа-Имери.

Интимниот дневник во делата на авторката е проткаен со фрагменти од нејзиниот автобиографски, автореферентен љубовен дискурс, но во случајот семејниот. Секое платно на авторката претставува знак на сеќавање, но и омаж на некогашната заемна љубов испреплетена со радост, ведрина и внатрешна хармонија.

Изложбата ќе ја отворат Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија, и Васко Шутаров, директор на Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура на Македонија во соработка со Националната галерија на Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“