Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Истанбул

Од:

Реномираниот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов синоќа се претстави пред публиката на Истанбул со самостојна исложба.

Изложбата е поставена во Галеријата НИШ АРТ, која се наоѓа во Нишанташи, дел на Истанбул со најмогу случувања во областа на визуелните уметности, каде се сместени и најголем дел од галериите.

На изложбата се претставени 47 слики, масло на платно од помал формат. Сликите се од циклусот “Пејзажи на душата” и го представуваат ликовниот израз на авторот кон природата која го опкружува.

stefanhadzin

На отварањето присуствуваше и Генералниот конзул на Република Македонија во Истанбул Зерин Абаз.

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје.

Член е на ДЛУМ од 1984 година. Има реализирано голем број самостојни изложби, а учествувал и на повеќе од 100 групни изложби во земјата и надвор од неа.

stefanhadzi2

Учесник е на повеќе мегународни ликовни колонии. Од 2002 до 2006 учествувал на Саемот на уметност „Импресија“ во Пловдив (Бугарија) .Добитник е на повеке награди меѓу кои и наградата „Лазар Личеноски“, Годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на град Скопје, Скопје за 2012 година, како и Државна награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста во 2015 година.

Изложбата на Хаџи-Николов во Истанбул ќе биде отворена до крајот на месец март.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“