Изложба на слики на Никола Колев

Од:

Во центарот за дизајн и иновации – Јавна Соба, денеска ќе биде отворена самостојна изложба на слики на тема „Прилагодувања- adjustments“ на Никола Колев.

Никола, кој има Даунов синдром, поседува уникатен талент за креирање уметнички дела користејќи компјутерски алатки.

Името на изложбата „Прилагодувања-adjustments“ претставува метафора за сите лица со попреченост кои се обидуваат активно да се вклучат во општеството. Прилагодувањата во секојдневието за овие лица сé уште се предизвик, поради недостатокот на општествен капацитет за прифаќање на различностите и разбирање на лицата со попреченост.

Преку своите дела, Никола демонстрира силна порака која ќе помогне подобро да се разберат лицата со Даунов синдром и да им се олесни прилагодувањето и делувањето во општеството.

Изложбата има продажен карактер и има за цел да ја промовира идејата за заработка од сопствениот труд кај лицата со попреченост, да го стимулира креативното изразување и да поттикне иницијативи за инклузивен дизајн и соработка со професионалци во оваа област (графички, модни, индустриски дизајнери, инженери, архитекти).

Со своите компјутерски изработени дела Никола Колев досега се има претставено на повеќе изложби и настани во Сули Ан, Пионерски дом „Карпош“, МКЦ,  Интернационалното училиште НОВА и изложбениот салон на НЛБ Тутунска банка.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“