Изложба на скулптури од Александар Ефтимовски

Од:

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на 15 скулптури од Александар Ефтимовски, насловена „Simplum Lapidem (Едноставни камења)“.

– Формите кои ги создава авторот се спонтани и одредени како од првобитната форма на каменот, така и од неговото моментално расположение и инспирација. Делата, на некој начин, од својата првобитна форма се филтрираат низ неговите идеи во сега постоечката. Тие се апстрактни и се окаратеризирани со едноставни овални и геометриски облици. Воочливи се острите агли кои ги спојуваат чистите површини и триаголнестите засеци, распоредени во одредена шема давајќи им динамика на делата. Текстурата е исто така присутна со кружни или линеарни движења создавајќи разиграност кај творбите без доминација во целата композиција, информира Музеј на Град Скопје.

Ефтимовски (Скопје, 1988) студирал на Академијата за ликовни уметности во Фиренца и се запишал Академијата за ликовни уметности во Карара, на последипломски студии во областа на обработка на мермер и различни типови камен. Имал самостојни изложби во Германија и Словенија и учестввал во многу групни изложби во Европа.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“