Изложба на скулпторот Славчо Спировски во Њујорк

Од:

Во Македонскиот културен центар во Њујорк (Gallery MC) синоќа беше отворена самостојна изложба на скулпторот Славчо Спировски, насловена „Аголност на илузијата на пакетирањето“, која е второ претставување на уметникот пред американската публика.

Се работи за концептуално дело – просторна подно-ѕидна инсталација, специјално подготвена за овој галерискиот простор, односно преобликување на концептот за суштината на скулптурата како илузија за тридимензионалност.

На отворањето на изложбата настапи и пијанистот Симон Трпчески, кој со авторот соработува повеќе од 12 години.

Изложбата на Спировски во Њујорк е реализирана со поддршка од Министерство за култура и ќе биде отворена за посетители до 25 јануари.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“