Изложба на проектот „НАОДИ“ во МКЦ

Од:

Изложба на проектот „НАОДИ“, со кој Македонија се претстави на 14-тата Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција, ќе биде вечерва отворена во Концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје.

Како што се наведува во соопштението на МКЦ на настанот со почеток во 20:00 часот ќе биде промовирана и публикацијата „НАОДИ: Павилјон на Република Македонија, 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција“, направена за потребите на македонското национално претставување, во која се поместени резултатите од истражувањето на поставената тема на Националните павилјони – „Впивање на модернизмот 1914 – 2014“.

Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција се одржа од 7 јуни до 23 ноември 2014 година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“