Изложба на предмети од стакло и порцелан од 20. век во Кумановско

Од:

Во Уметничката Галерија Куманово, вчера вечер беше отворена изложбата „Покуќнински предмети од стакло и порцелан“, дел од културното наследство на Куманово од почетокот на 20-тиот век.

Изложбата опфаќа 100-тина експонати од стакло и порцелан, претставени амбиенатлно и во витрини. Авторот на изложбата кустос-советник во кумановскиот музеј, Милица Пешевска-Николовска вели дека покуќнинските предмети во тој период се набавувале преку увоз од Солун и од останатите европски градови, како резултат на интензивно развиените трговски врски од крајот на 19. и почетокот на 20-тиот век.

– Меѓу карактеристичните предмети е соленик од 1920 година. Во тој период дел од семејствата во Куманово се занимавале со трговија, така што предметите за покуќнина ги увезувале, рече Пешевска Николовска.

Изложбата, освен што го презентира материјалното културно наследство има и едукативен карактер. Наменета е и за пошироката и за стручната јавност.

– Предметите кои што можат да се видат на изложбата се увезувани и  од побогатите семејства, бидејќи во Македонија се до средината на 60-те години од минатиот век немало фабрика за производство на стакло и изработка на предемти од порцелан, истакна Цветановска.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура.Предемтите кои беа презентирани на изложбата уметнички се обликувани и украсувани со флорални и геометриски мотиви. Изложбата, кумановци ќе можат да ја проследат до 20 февруари годинава.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“