Познатиот македонски карикатурист Георгиевски Мирослав – Миро со своја изложба во Кичево.
Изложбата ќе се одржи на 13 септември во Националниот Центар за Култура “Кочо Рацин”.
„Миро е познат карикатурист и чест ни е да го имаме во Кичево. Неговите карикатури беа изложени и надвор од земјата. Повеќе се занимава со политички теми“ – рече Маја Селјаноска од секторот за односи со јавноста на “Кочо Рацин”.