Изложба на пастели од Славко Упевче во Вевчани

Од:

Во рамки на василичарските свечености во Вевчани денеска ќе биде отворена  изложба на пастели „Печалбарски денови“ на охридскиот академски сликар Славко Упевче.

Изложбата ќе биде отворена денеска напладне во Општина Вевчани.

Во вечерните часови ќе биде промовирана книгата „Блескав зашто горев“ од вевчанската поетеса Стојанка Гогоска. Василичарските празнувања почнаа вчера со отворање на изложбата икони во резба под наслов „Духовници победници“ од копаничарот Александар Баткоски.

Музичкиот блок почнува утре со настапот на Слаткаристика, С.А.Р.С. и Брас Брадерс, а следниот ден присутните ќе ги забавуваат Есма Реџепова, Наум Петрески, Перо Пешиновски-Бели и група Инфузија.

Карневалот свечено ќе биде отворен на 13 јануари со дефилето на маски. На полноќ ќе има петминутен огномет со кој ќе се означи доаѓањето на Новата година по Јулијанскиот календар. Последниот ден на 14 јануари изутрина е традиционалното одење на вода на Вевчанските извори, а манифестацијата завршува на пладне со василичарското оро и палењето на маските. Во текот на четирите фестивалски дена Карневалот ќе понуди и богата музичка програма.

Вевчанскиот карневал е спој на паганството и христијанството и има традиција од над 1.400 години. Се смета за една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во Македонија. Од 1993 година Вевчанскиот карневал и Вевчани се членови на ФЕЦЦ – Асоцијација на светските карневалски градови.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“