Изложба на OPA Professional во Њујорк

Од:

Во Македонскиот културен центар во Њујорк (MC Gallery) денеска ќе биде отворена изложбата „Постконцептуални контемплации” на OPA Professional, на која ќе бидат презентирани цртежи во комбинирана техника (акрил, фломастер, мастило…).

OPA Professional е формирана во 2014 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски. Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и заедно работат повеќе од една деценија. Тие се фокусираат на формално-визуелните и естетските ликовни вредности, преиспитувајќи ги состојбите во врска со автономноста на уметничкото дело.

– Во циклусот „Постконцептуални контемплации”, OPA Professional со апстрактно ликовен јазик го преточува космогонискиот уметнички порив да се продре во онтолошките нишки на сопствениот микрокосмос. Инвентивноста и интуитивноста на нескротливиот потег е ликовен двигател на композицијата кон една општост доловувајќи го метафизичкиот свет на сликарската интима, каде и колоритот го усложнува откривањето на компонентите на рационално обмисленото и спонтаното…,соопшти MC Gallery.

Претставувањето на „Постконцептуални контемплации” во Њујорк е  поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“