Накитот најден на трите археолошки локалитети кај Виница се изложени на изложба во Музејот „Теракота“ во Виница, во рамки на Европските денови на културното наследство.
Изложбата е насловена „Накитот е повеке од украс“, а е прикажана историјата од 9-ти век пред нашата ера, па се до средниот век.
– Првпат пред јавноста изложуваме накит од археолошките локалитети „Гробана“, „Биничко кале„ и „Коколов рида“. Низ накитот добиваме информации за животот на луѓето низ историјата во овој крај, изјави Магдалена Манаскова, археолог, документатот во Музејот „Теракота“ во Виница.
Според најавата на Музејот „Теракота“ од Виница, на археолошкиот локалитет Коколов рид ќе се организираат посети со цел запознавање со гробната архитектура на овој локалитет.