Изложба на Мишо и Урош Вељковиќ во МКЦ

Од:

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена ретроспективната изложба на таткото и синот Вељковиќ-45 години творештво на Мишо Вељковиќ и 15 години творештво на Урош Вељковиќ. Изложбата ќе биде поставена до 3 април годинава.

Во делата на Мишо, како што пишува Горјан Ѓорѓиев, се е подредено на неговиот внатрешен свет, неговата агресија, бес, очај, неговата душа или во крајни црти на неговата животна приказна.

Според Ѓорѓиев, Урош е бунтовник, музичар, графичар, сликар. Сликите, како што се наведува, се подредени на неговата агресија, бес, разулавен ритам на фигури и линии кои по секоја цена ќе се наметнат на публиката.

Изложбата ќе ја отвори директорот на МКЦ Златко Стевковски. 

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“