Изложба на македонскиот уметник Талевски во Прима центарот во Берлин

Од:

Во Прима центарот во Берлин е отворена изложбата „Предлози за споменици“ на македонскиот уметник Иванчо Талевски, кој последниве осум години предава на Одделот за дизајн на Универзитетот Пенсилванија во Филаделфија.

Талевски, кој во уметничките кругови во Македонија и во странство е познат како уметник кој што ги комбинира строгите технички техники со единствен визуелен јазик, во Берлин се претстави со колекција на цртежи, скици, слики и скулптури кои што ја претставуваат неговата секојдневна битка да ги разбере и надмине безбројните проблеми и појави со кои се соочуваат луѓето секој ден. Секое од делата кои што главно се работени во црно бела техника откриваат засебна приказна која што за набљудувачот може да биде исклучително блиска или целосно неразбирлива.

Иванчо Талевски е роден во Битола каде што почнал да ја изучува македонската традиционална изработка на икони, а се образувал и во Балтимор – Мериленд, Интерлохен -Мичиген, Фиренца – Италија, како и во Филаделфија. Талевски е еден од над 70 македонски уметници кои досега изложувале во Прима центарот во Берлин кој важи за неформална македонска амбасада на културата во Германија. Организаторот на изложбите сликарот Јован Балов годинава во Македонија е избран за европска личност на годината.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“