Изложба на ликовниот уметник Крунослав Стојановски во Кавадарци

Од:

Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци синоќа беше отворена изложба на уметнички слики од ликовниот уметник Крунослав Стојановски, насловена „Циклуси”.

Творечкиот опус на Стојановски, кој живее и работи во Загреб, опфаќа над 400 дела. На изложбата се претставени четириесетина слики од осум циклуси.

Изложбата во Кавадарци е во соработка со Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, во рамките на проектот: „Кич, да,/сте или не/?!“ кој успешно се реализира по деветти пат.

За творештвото на Стојановски пред присутните говореше Нина Кецкаровска, претставник на Дирекцијата за култура и уметност од Скопје. Самиот автор нагласи дека во неговото уметничко творештво преовладуваат теми кои имаат социјална, хуманистичка, еколошка и политичка конотација, со посебен акцент на поединецот и на неговата улога, на можностите и на значењето во глобалното општество.

Крунослав Стојановски (1969) завршил средно училиште во Скопје, а ликовна академија во Загреб. Тој е член на Друштвото на ликовни уметници на Хрватска каде моментно извршува и други високи функции во ликовната област на таа држава.

Досега своите дела ги има претставено на 40 самостојни и 50 групни изложби во светот. Работел сценографии за филмови, ТВ-реклами, серии. Покрај со сликање, Стојановски се занимава и со цртање, изработка на инсталации, фотографија, видео, пишување и едукација.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“