Изложба на ликовни уметници во Кавадарци

Од:

Дваесетина членови на Друштвото на ликовни уметници – Кавадарци (ДЛУК) ќе се претстават со свои дела на традиционалната годишна изложба што вечер ќе биде отворена во домот на културата „Иван Мазов – Климе“.

На изложбата ќе бидат претставени најновите ликовни остварувања од сите техники и содржини (графика, вајарство, масло на платно, акварел и др.) и е настан кој го одбележува културниот и уметничкиот крај на тековната година во Кавадарци.

Годинашната изложба на ДЛУК ќе донесе дела на млади ликовни уметници, но и на веќе докажани и надвор од Македонија, а меѓу нив се и поголемиот дел од основачите на ДЛУК од пред речиси 40 години. Со свои дела учествуваат: Ристо Соколов Сокол, Димитар Самарџиев, Владимир Темков, Цветанка Темкова Илова, Горан Боев, Киро Јосифов, Маја Крстева, Симона Манчева, Стефанија Стојановска, Трајче Јованов, Соња Самарџиева, Горан Ѓорев, Ива Јосифова, Ванчо Кеков, Кирил Мукаетов, Иван Ковацалиев, Петар Наневски и Васка Дудин…

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“