Изложба на Ладислав Цветковски во КИЦ на РМ во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложба  „Дигитални отпечатоци” на Ладислав Цветковски, која е негово прво претставување во бугарската престолнина.

Цветковски  е ликовен уметник, графички дизајнер и универ­зи­тетски професор. Во текот на целото работно искуство интензивно работи и ги истражува технолошките и изразните можности на електронските медиуми во уметноста, а во последно време се фокусира на изразните можности на дигиталната технологија во визуелните уметности. Како резултат на тоа истражување се произлезени магистерскиот труд и изложбите од 2002 до 2014 година.

Во изминатиот период дизајнирал значајни монографски изданија, како и различни проекти за институциите од областа на културата и уметноста, Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, меѓународни институции и повеќе издавачки куќи. За монографијата „Икони од Музејот на Македонија“ ја доби наградата за најдобро дизајнирана публикација во 2004 година. Член е на Друштвото на ликовните уметници од 1990 година.

Изложбата во Софија е поддржана од Министерството за култура на Р. Македонија. Ќе ја отвори директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров, а за посетители ќе биде отворена до 16 октомври.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“