Изложба на карикатури на Недељко Убовиќ во Остен

Од:

Самостојна изложба на карикатури од Недељко Убовиќ ќе биде отворена утре во 12 часот во просториите на „Остен“.

На изложбата со интересен наслов „Итд…“ ќе бидат претставени 32 карикатури на Убовиќ, кои ги допираат темите на глобализација, социјална правда, екологија и итн…

nedeljkoizlozba (2)

Недељко Убовиќ е од Србија, професионално се занимава со карикатура, анимиран филм и илустрација веќе 30 години. Има работено за најпознатите весници, списанија, како и ТВ емисии во бивша Југославија. Како уредник во “Младинска печатница”, а потоа и во “Борба”, ги има објавено првите дела. Од тогаш, има објавено повеќе од 10.000 карикатури и други прилози.

Недељко е исто така автор на околу 70 анимирани филмови, со кои учествувал на реномирани светски фестивали за анимиран филм.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“