Изложба на Ибрахим Беди во рамки на проектот „Кич, да!?/сте или не“

Од:

Во рамки на проектот “Кич, да!?/ сте или не/”,  вечер во Уметничката галерија во Велес ќе се отвори изложбата на македонскиот сликар Ибрахим Беди.

Проектот, чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност веќе осма година по ред е поддржан од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.

Ибрахим Беди е роден во 1959 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за скулптура во класата на проф. Петар Хаџи Бошков во 1985 год. Во 1999 год. завршил магистерски студии на истиот Факултет на тема под наслов „Култура и природа“ кај проф. Стефан Маневски и Васил Василев.

Од 1985 – 1989 год. бил член на групата „Зеро“. Од 1986 год. е член на Друштвото на ликовни уметници.

Во 1991 год. како стипендист престојувал на ФЛУ при Универзитетот „Мимар Синан“ во Истанбул, како и во ателјето на светски познатиот архитект Џенгис Бекташ. Во 1992 год. под менторство на проф. Томур Атагок вршел истаржувања во Кападокија. Од 1990 до 2002 година работел во Театарот на народностите какосценограф, сликар, и вајар изведувач. Во периодот од 2000 до 2002 година воедно ја извршувал и функцијата директор на Турската драма.

Од 2002 год. е вработен на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Вајрскиот оддел како доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање. Од учебната 2005/2006 година предава театарска, филмска и ТВ сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Од 2007 година до денес учествувал на повеќе ликовни изложби во земјата и во странство меѓу кои бил и претставник на македонија на престижното светско биенале во венеција со групата „Зеро“.

Истата изложба беше поставена лани во август во Македонскиот културен центар во Њујорк, во Кавадарци, Гостивар, Штип, Тетово и Куманово.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“