Изложба на Глигор Чемерски во Москва

Од:

Во галеријата „Зураб Цератели“ во Москва денеска ќе биде отворена изложба на уметникот Глигор Чемерски, насловена „Настани и знаци на земјата македонска“.

Отворањето на изложбата е во чест на инаугурацијата на академик Чемерски во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“ како прв уметник од Македонија во Академијата.

На изложбата ќе бидат претставени 43 дела од повеќе циклуси на авторот, како своевидна ретроспектива на неговото повеќедецениско творештво.

Изложбата на Чемерски во галеријата „Зураб Цератели“, која го носи името на големиот руски уметник, ќе биде отворена до 10 јануари 2015.

Организатор на настанот е македонската галерија „Грал“ во соработка со Руската академија на уметностите и со поддршка на министерствата за култура и за надворешни работи и на МАНУ. 

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“