Изложба на Глигор Чемерски во галерија „Грал“

Од:

Во галеријата „Грал“ во Скопје в сабота, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на познатиот македонски уметник Глигор Чемерски.

На оваа изложба, публиката ќе има можност да видат 20 – 25 дела, слики и цртежи, кои претставуваат вовед во проектот „Во јадрото на Балканот – раката гледа“, кој својата кулминација ќе ја доживее на 9 и 10 декември во Москва, во галеријата „Зураб Цератели“ на руската Академија на уметноста.

Академик Глигор Чемерски е првиот македонски уметник на кого му е укажана честа од страна на руската Академија на уметности „Императорска“, со инаугурација за почесен член. На изложбата во уметничка галерија „Зураб Цетерели“ во Москва ќе бидат изложени 43 дела од повеќе циклуси, како своевидно ретроспективно претставување на повеќедецениското творештво на Глигор Чемерски.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“