Изложба на фотографии од Јана Луловска во Софија

Од:

Изложба на фотографии насловена „Корелација” од Јана Луловска ќе биде отворена вечер со почеток во 18:30 часот во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.

Изложбата која е дел од годишната програма на Центарот во Софија, ќе ја отвори директорот Васко Шутаров. „Корелација” е прва самостојна фото-изложба на Луловска во Софија.

– Првата самостојна изложба на збирката фотографии на младата авторка Јана Луловска под наслов Корелација, се состои од дваесет диптиси, генерирани од и посветени на балканскиот пејзаж. Низ овој жанр, како и низ користењето на старата класична и некогаш популарна благородна техника гумитилија, Луловска се обидува, во ерата на сеопшта дигитализација/виртуализација, низ реактуализација на оваа техника да си ја овозможи најнапред креативната слобода, која се темели на телесната сличност на знакот и на објектот кој го третира, вели за изложбата Конча Пиркоска.

Јана Луловска е родена 1986 година во Скопје, Република Македонија. Завршила уметничка и применета фотографија на Националната Академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов” во Софија. Досега има реализирано неколку самостојни изложби во Скопје и повеќе групни изложби, меѓу кои и неколку во Р. Бугарија.

Делата ќе бидат изложени во македонскиот КИЦ до 6 април. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“