Изложба на фотографии од Атанас Талевски во Охрид

Од:

Изложба на фотографии од Атанас Талевски ќе биде отворена денеска од денеска до 25 овопј месец во Културно – информативниот центар „Култура 365“ во Охрид.

Талевски е роден во Велес каде го минува поголемиот дел од животот, а од 1990 година живее во Охрид. Престојувал и во други земји, најмногу во Германија, Англија, Виетнам, Камбоџа и Мали.

Со фотографија се занимавал од детските години, а по доселувањето во Охрид, фотографирањето му станува основната дејност. Цел на неговиот објектив се старите села, обичниот човек и неговата судбина, природата. Во пролетта 2001 година во приземјето на својот дом во Охрид, Талевски ја отвора постојаната изложба „Впечатоци од Македонија“ со тоа е отворена првата охридска уметничка галерија специјализирана за фотографска уметност. Галеријата функционираше сѐ до смртта на авторот.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“