Изложба на Фатмир Ставилеци во КИЦ-Скопје

Од:

Во Изложбениот салон Империјал 1 во Културно-информативниот центар вечер ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Фатмир Ставилеци.

Ставилеци (1947) по завршувањето на основното и средното (учителско) образование, во 1967 година се запишал на Виша педагошка, отсек ликовно воспитување во Скопје. Работел како наставник по ликовно образование, а завршил и Ликовната академија во Приштина, отсек сликарство, во класата на проф. Тахир Емра.

Самостојни изложби имал во Скопје, Љубљана и во Ново Место. Од 1993 до 2016 учествувал на десет групни изложби во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и Струга.

Изложбата на Ставилеци во КИЦ ќе биде отворена до 28 ноември.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“