Изложба на дела од селектираните учесници на Биеналето на цртеж на „Остен“

Од:

Како дел од официјалната програма на Биеналето на цртеж на „Остен“, денеска напладне во галеријата „Остен“ ќе биде отворена изложба на автори од Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Кипар, Италија, Романија, Португалија и Словенија.

Ќе бидат претставени делата на Асунта Абдел Азим Мохамед, Стефан Малицки, Елфи Шуселка, Јана Куваља, Маја Скендеровиќ, Ивона Јуриќ, Дајана Радош, Кристина Рисмондо, Татиана Сотеропулос, Андреас Томблин, Винченцо Балсамо, Маргерита Касара, Мариа Макаров, Памела Радино, Елена Драгулелеи Думитру, Дорина Лаура Дудулеану, Софиа Палма, Јургита Поберезните, Луис Филипе Салгадо, Романа Пехар, Петар Циуха, Чртомир Фрелих и Јерца Сантеј.

„Остен“ потсетува дека Маргерита Касара беше наградена со Посебно признание од жирито на Биенале на цртеж Скопје 2016, како и на главните награди на Биенале на цртеж Скопје 2016: Тони Крег – Гран-при за животно остварување, и Салвадор Дали – Награда Светско културно наследство.

Делата на селектираните учесници, чии дела според одлуката на жирито со репродукција ќе бидат објавени во каталог, во галеријата „Остен“ ќе бидат изложени до 27 октомври, секој работен ден од 10 до 17 часот (сабота од 10 до13 часот).

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“