Изложба на дела од областа на визуелните уметности

Од:

Министерството за култура, Музејот на современата уметност – Скопје и Националната галерија на Македонија денеска во Чифте амам ќе ја промовираат изложбата на дела од Конкурсот на Министерството за култура за откуп на ликовни дела од областа на визуелните уметности за 2014 година.

– Од пристигнатите 228 пријави или вкупно 605 дела, петчлената стручна комисија, направи селекција на 64 уметнички дела, од различни визуелни медиуми: слики, скулптури, објекти, инсталации и видео инсталации од повеќе еминентни автори, од постарата, средната и од  помладата генерација уметници, со цел поттикнување и стимулирање на нивниот иден творечки развој, истакнуваат од Националната галерија на Македонија.

Најголемиот дел од откупените дела се наменети за збогатување на збирките и поставките на Музејот на современата уметност и  Националната галерија на Македонија.

Меѓу откупените дела кои се делигирани во збирката на Музејот на современата уметност се на авторите Жанета Вангели, Благоја Маневски, Славица Јанешлиева и Беди Ибрахим.  За  збирката на Националната галерија откупени се делата на Ристо Калчевски, Симон Шемов, Рубенс Корубин, Веле Ташовски, Томе Аџиевски.

Изложбата ќе биде отворена до 7 април.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“