Изложба на дела од Европска школа за плакат во Музеј на град Скопј

Од:

Изложба со дела од врвни полски и европски мајстори на уметноста на плакатот вечер ќе биде отворена во Музеј на град Скопје, како дел од соработката со Полската Амбасада и Музејот во Варшава.

Ќе бидат изложени дела на врвните претставници на полската школа за плакат како Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски, Швиежи и Томашевски и други, творени од Првото светско  биенале до денес.

Изложбата ќе ја промовираат директорот на Музејот Љубен Тевдовски и Амбасадорот на Полска во Скопје Јацек Мултановски.

Во рамки на изложбата во наредните денови ќе се одржат работилници за изработка на плакат, а полската Амбасада ќе се вклучи целосно и во нововоспоставената „Годишна награда за плакат на Музејот на Град Скопје“.

Преку соработката со полската Влада добитниците на годишната награда за плакат на Музејот на град Скопје ќе добијат можност да посетат повеќе меѓународни изложби, вклучувајќи го и најголемиот Музеј на плакат во Варшава, во кој се собрани 55.000 дела од првото светско биенале на плакат до денес.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“