Изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ

Од:

Во Националната галерија на Македонија вечер ќе биде отворена изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ.

На оваа изложба Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. На овие дела, пред сè, до израз доаѓаат авторовите високи естетски вредности, минуциозноста и исклучителната цртачка вештина.

Во делото со наслов „Ноќ 1“, наменски конципирано за просторот во Националната галерија на Македонија во Скопје, Сретен Милатовиќ во своите анализи за скулптурата за разлика од порано оди чекор понатаму. Главен елемент се темните гранитни квадранти, но овојпат уметникот избира вид што е најблизу до Острошкиот камен по структурата и по бојата.

Ратко Одаловиќ е роден на 24.11.1964 година во Граховац, Црна Гора. Дипломира и магистрира во класата на Живоин Турински. Работи како вонреден професор на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње.

Сретен Милатовиќ е роден на 01.03.1966 година во Никшиќ. Завршил Академија за ликовни уметности, оддел вајарство во Сараево во класата на професорот Алија Кучукалиќ, а магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње. Од 2009 година работи со звање доцент на Универзитетот во Источно Сараево, АЛУ-Требиње.

Изложбата ќе ја отворат Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија и проф. Павле Пејовиќ, директор на Народниот музеј на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“