Изложба на четворица српски уметници во МАНУ

Од:

Во Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба насловена „Европски контексти“ со дела на четворица српски уметници – Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Милан Коњовиќ и Богдан Шупут.

Сите четворица се школувале во Париз – центарот на современите уметнички тенденции, а потоа се вратиле во татковината, така што нивното творештво упатува на европски контексти на српската модерна уметност.

Изложбата е замислена како можен поглед на некои од идеите кои биле негувани во сликарството во првата половина на 20 век – идеи поттикнати во Европа, но докрај спроведени и обликувани со локален, домашен, српски пристап.

МАНУ ја организира изложбата во соработка со Галеријата на Матица српска, Српската академија на науките и уметностите и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“