Изложба на Благојче Наумоски-Бане во Прилеп

Од:

Во галеријата на Центарот за култура „Mарко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложба ,,IN – OUT – ILLUMINATION’’ од Благојче Наумоски-Бане.

Наумоски ќе се претстави со 14 дела – инсталации и слики рентген.

Благојче Наумоски-Бане дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Рубин Корубин. Во 2009 година магистрирал во класата на проф. Јован Шумковски.

Од 2007 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а од 2009 – на арт-групата И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.  каде активно учествува во сите проекти. Од 2012 година работи како асистент на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет на  Македонија.

Има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во Германија, Словенија, САД, Франција, Израел, Чешка, Полска, Бугарија, Косово. Учествувал на повеќе перформанси  и ликовни  колонии.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“