Изложба на архивски документи за Сараевскиот атентат

Од:

Во Музејот на Македонија денеска ќе биде отворена изложбата на архивски документи „Млада Босна и сараевскиот атентат“, подготвена од Архивот на Република Српска во Бања Лука по повод 100 годишнината од Првата светска војна.

Изложбата е составена од 38 паноа на кои се претставени 249 експонати и е поделена на пет хронолошко-тематски целини: Млада Босна, Подготвувачи и извршители на сараевскиот атентат, Сараевскиот атентат, Јулската криза во 1914 година, и Страдањата на Србите во Босна и Херцеговина.

Презентирањето на изложбата во Скопје е резултат на соработката меѓу Државниот архив на Република Македонија и Архивот на Република Српска за која беше потпишан Протокол на 9 април 2012 година во Бања Лука.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“