Изложба на академскиот уметник Љубинка Манчевска во Кавадарци

Од:

Во Музеј галеријата во Кавадарци, синоќа беше отворена изложба на академскиот уметник Љубинка Манчевска, насловена „Пејсажни варијации”. Кустос етнологот Кети Ванчева појасни дека традиционално секоја година во пресрет на Меѓународниот ден на жената, музејот организира изложба од автор-жена.

Манчевска е родена во Велес, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Со ликовно творештво се занимава повеќе од три децении. Има неколку самостојни изложби, а учествувала и на неколку групни национални и меѓународни изложби и колонии. Се претставува со 40 свои уметнички дела.

– Широките четки се нејзиниот нов ракопис, автентичен за неа, по кој веќе ја препознаваме. Тоа се црвените платформи произведени со нив, тоа се одново небесните синила, фузирани со прекрасни ликовно-естетски трепетливи креации, рече Весна Ѓорѓиева, виш кустос историчар на уметноста со археологија.

Авторката изрази задоволство од прекрасната организација на изложбата во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“