Изложба на академскиот сликар Крунислав Стојановски во Велес

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена ретроспективната изложба „Циклуси“ по повод 20 години творештво на академскиот сликар Крунислав Стојановски од Скопје, кој речиси 30 години живее и твори во Загреб. Изложбата е дел од проектот„ Кич, да или не“.

Од неговите 400 дела што од Загреб ги донел во Скопје, во Велес беа изложени 50-тина слики, претежно акрили и масло на платно, дел се формални, а дел лазурни и се дела од неговите осум творечки циклуси работени во изминатите 20 години.

Како што појасни промоторот Горан Ѓорѓиевски историчар на уметноста, авторот работи во циклуси, почнувајќи од 1994 години со „Лица-Портрети“, подоцна преку циклусите „Кристали“, „Калевала“, „Енергија“, „Земја“, „Рељефи“, „Меандри“, „Простори“. Почнува од експресионизмот кој му е првичен од „Лицата“. Се занимава и со апстракната уметност т.е риформелот кога користи несликарски материјали како песок и слично.

– Секогаш е препознатлива една нота на експресионизам во неговите дела и неговото творештво можеме да го сублимираме како една постмодерна изложба каде што тој се цитира себеси во различните циклуси и одредени стилски прикази. Но, Стојановски секогаш ја задржува сопствената нота која во неговото сликарство е препознатлива переку следење на општествените, социјалните, еколошките теми преку различни циклуси, концептуални пред се, појасни Ѓорѓиевски.

Крунислав Стојановски своето творештво го има претставено преку повеќе од 40 самостојни изложби во Загреб, Пореч, Грожњан, Макарска, Осијек, Ријека, Ѓаково, Пакрац, Задар, Виена, Хелсинки и Еспоо во Финска, Скопје, Берлин, Торино и Ротердам.

Неговата изложба овој месец беше претставена во Скопје и во неколу македонски градови. По Велес, вечерва ќе биде отворена во Штип, а на 24 мај во Белград со посредство на Македонската амбасада во Белград. Потоа ќе биде претставена и во други држави, најави авторот Крунислав Стојановски.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“