Изложба на академискиот сликар Новица Трајковски во Илинден

Од:

Изложба на академскиот сликар Новица Трајковски вчера беше отворена во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден.

Новица Трајковски кој потекнува од општина Илинден покрај својата изложба претстави и неколку дела на неговата ќерка Катерина, млад и талентиран уметник.

На изложбата се претставени повеќе циклуси од неговото творештво, а последната слика ја завршил вечерта пред изложбата.

Почесни гости на отворањето на изложбата беа оперскиот пејач Борис Трајанов и протоѓакон Ацо Цандевски.

Масетро Борис Трајанов, заедно со пијанистот Љубе Анатасов, испеа сплет од три старомакедонски песни, образложувајќи пред публиката дека неговиот избор на песни се должи токму на Трајковки, кој според Трајанов, својата инспирација ја црпи токму од македонкиот народ и македонската почва.

Делата на Трајковски ќе останат изложени во Домот на култура „Илинден“ во наредните триесет дена.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“