Изложба „Млади кривопаланечки уметници“

Од:

Во уметничката галерија во Градскиот музеј во Крива Паланка синоќа беше отворена изложбата „Млади кривопаланечки уметници“.

Ова е прва заедничка изложба на младите ликовни уметници од Крива Паланка. Содржи триесетина дела од седум млади академски сликари и графичари: Христина Стојчевска, Пепица Јаначковска-Стојчевска, Анета Стојчевска, Маја Јаќимовска, Јорданчо Ристовски, Ален Алексовски и Стефан Јакимовски.

– Вечерва во оваа галерија се слави младоста. Собрани се дела на нашите млади кривопаланечки автори, дел од нив веќе се етаблираат во уметничката јавност со своите изложувања во и надвор од државата. Тие се претставници на новата авангардна генерација кривопаланечки уметници школувани во европските центри, а прв пат се претставуваат на заедничка изложба, истакна Драган Величковски, директор на Градскиот музеј од Крива Паланка.

Ѓорги Костовски, историчар на уметност при Музејот, рече дека е исклучително важно да се претстават младите ликовни таленти, но и оние кои подолго време творат, за да се запознае пошироката јавност со фактот дека тие со голем ентузијазам создаваат прекрасни и вредни дела.

– Мислам дека е време младите уметници да добијат ветар во грб, а токму тоа е и целта на ваквите проекти и изложби, со кои делата се проектираат во јавноста и таа одблиску се запознава со делата кои го презентираат талентот на овие сликари. Поради тоа изложбата има и продажен карактер, па покрај самопотврдувањето на авторите се создава можност нивниот труд да се валоризира што многу ќе им значи, рече Костовски.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“