Изложба „Мал формат“ вечер во КИЦ

Од:

Изложба „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде поставена во Културно информативниот центар (КИЦ) во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“ во соработка со КИЦ од Скопје и Универзална сала.

– Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка, наведува ДЛУМ во соопштение.

На изложбата, што ќе биде отворена 10 дена, учествуваат 33 автори-членови на ДЛУМ: Ана Темкова, Дијана Томиќ Радевска, Стефан Димовски, Златко Бојковски, Марина Лешкова, Ацо Таневски, Андријана Мациев, Зуљеха Али, Борче Богоевски, Христина Зафировска, Валентина Илијевска, Мирјана Крстева Массети, Драган Верговски Алпи, Никола Пијанманов, Мира Дуковска, Марија Мицова Гацова, Јакуп Хајро, Пандора Апостолоска Саздовска, Дејан Иванов Маргуш, Слободан Милошески, Агрон Абдули, Силвана Атанасовска, Тања Таневска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Петра Јовановска, Перо Кованцалиев, Емилија Божиновска, Душан Георгиевски, Ивона Велковска, Маја Димитрова, Сашо Саздовски, Марија Светиева, Ана Ивановска.

За изложбата „Мал формат“ од страна на ДЛУМ, се додели една награда за „Мал формат“ на авторот Валентина Илијевска, а од страна на Културно информативниот центар КИЦ ќе се доделат три награди насловени како „Вангел Коџоман”, „Адем Кастрати” и „Константин Мазев-Коце”.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“