Изложба „Мајка Тереза – икона на милосрдието” во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложба на автентични фотографии посветени на Мајка Тереза од хрватскиот фоторепортер Звонимир Атлетиќ и архивски фотографии од животот на Мајка Тереза во родниот град Скопје.

Изложбата е насловена „Мајка Тереза – икона на милосрдието” и КИЦ ја организира во соработка со Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје.

Изложбата ќе ја отворат директорите на двете институции, Васко Шутаров и Рената Кутера-Здравковска, а за посетителите ќе биде отворена до 5 ноември.

На изложбата ќе бидат презентирани и документарни филмови за делото на големата хуманистка, а на неколку паноа ќе биде презентирана и Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје.

Ова е второ поголемо претставување на Спомен-куќата и фотографската збирка надвор од Македонија (првото беше во Рим во 2012 година)  и се реализира со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“