Изложба „Кумановска ликовна сцена“

Од:

Ретроспективната изложба на дела „Кумановска ликовна сцена“ ќе биде отворена вечер во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј-Куманово.

На изложбата ќе бидат прикажани околу 35 ликовни дела со широк хронолошки распон, од најстарата генерација, основоположници на кумановската ликовна уметност, преку автори чија активност во минатото бележи значајни ликовни остварувања во насока на развојот на кумановската ликовна сцена.

– Кумановци ќе имаат можност да проследат дел од богатото ликовно творештво на нашите уметници, дела изработени пред седум децении, но и дела од совремите уметници, изјави Драгана Спасковска од Уметничката галерија Куманово.

Љубителите на ликовната уметност ќе можат да видат дела од Трајче Јанчевски, Драгутин Аврамовски Гуте, Момчило Петровски-Моцо, Тане Атанасовски Гарски, Владимир Величковски, Исени Реџаи, Верољуб Станковиќ, Борис Кукуњавски, Зоран Јакимовски, Трајко Тошевски, Гоце Божурски, Часлав Марковиќ, Тања Соларска Темелковски, Мирослава Цветковиќ, Слободан Тимчевски, Марина Цветановска Мартиновска, Синиша Кашавелски, Александар Симоновиќ, Мухамедали Алил, Страхил Петровски…

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Општината Куманово и се одржува по повод јубилејот 500 години Куманово и манифестацијата „Куманово град на културата“ за 2019 година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“