Изложба и хуманитарен концерт за лекување на Амина Шаиноска

Од:

Под мотото „Донирај и нацртај иднина-да и помогнеме на Амина“ вечер во спортската сала во Дебар ќе се одржи хуманитарен концерт на кој ќе настапат познати имиња од македонската, албанската и турската естрада.

Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на Амина Шаиноска од село Броштица, општина Центар Жупа, која боледува од акутна лимфобластна леукемија. Нејзината моментална состојба бара постојана лекарска нега и поради тоа во моментов се наоѓа во клиниката во Гетинген, Германија.

– Амина има само 27 години, а веќе е исправена пред проблемите на животот. Ние можеме да помогнеме да ги преброди за да продолжи да живее и да има среќен живот како што заслужуваме сите, да може во мајчините прегратки да расте нејзиното тригодишно синче. Амина боледува од акутна лимфобластна леукемија (Т-ALL) и итно е потребна трансплантација на матични клетки, но поради неможност тоа да се направи во Македонија потребно е да се направи во Германија, а чини 250.000 евра, велат организатрите на хуманитарната активност.

По повој повод, во Домот на културата во Ростуше денеска ликовниот уметник Адем Сулејманоски ќе отвори изложба со хуманитарен карактер, а средствата ќе ги донира за лекување на Амина.

Средства за Амина се собираат во трите општини Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, во неколку села од општина Струга,како и меѓу нашиницте во Италија и Германија. Средства хуманите граѓани може да донираат и на жиро сметка: 200001235951294 како и на броевите: ВИП 143 467 Т-МОБИЛЕ 143 155.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев