Изложба „Двајца Привремени“ на Кованцалиев и Ѓоргиев

Од:

Во Галерија „Ко-Ра“ денеска ќе биде отворена изложбата „Двајца Привремени“ на уметниците Перо Кованцалиев и Васко Ѓоргиев.

Васко Ѓоргиев е роден 1983 во Гевгелија, завршил факултет 2009 во A.L.B.A. Џенова, Италија. Работи као самостоен уметник, сценограф, скулптор и иконограф. Живее и работи во Битола.

Перо Кованцалиев е роден 1982 во Гевгелија, дипломирал 2006 и магистрирал 2018 на Ф.Л.У при У.К.И.М Скопје, Р.С. Македонија. Работи како самостоен уметник, скулптор, конзерватор-реставратор и графички дизајн. Живее и работи во Скопје.

– Под насловот „Двајца Привремени“ создаваат двајца автори кои долги години творат самостојно. Оваа соработка е плод на долги заеднички разговори за уметноста т.е за се што се идентификува под тој поим во минатото, сегашноста како и можни нејзини идни појави. Соработката е привремена, како и се друго… Временски не е условена, просторно не е ограничена, физички e присутна, привремено…, истакна Кованцалиев по повод заедничката изложба.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“