Излезе од печат Зборник на трудови „Антево дело“

Од:

Деновиве од печат излезе Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“,одржан во септември минатата година во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски. Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.

Организациониот одбор соопшти дека на Вториот симпозиум за Антевото творештво, беа презентирани реферати во живо и снимени реферати на -еминентни научни работници, лингвисти и писатели преку видео обраќања (поради ковид мерките), во кои се третирани литературни, литературно-теориски, јазични и теми од историја на уметност и естетика.

Во Зборникот се поместени трудови од академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Москва, Руска Федерација, член на МАНУ надвор од работниот состав, проф.д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Бојан Ортаков, м-р Филип Фиданоски, Универзитет на Нов Јужен Велс, во Сиднеј, Австралија, м-р Бранко Цветкоски, м-р Сузана В. Спасовска , м-р Александра Јуруковска, и асс. м-р Иван Антоновски.

Зборникот на трудови од симпозиумот „Антево дело“ до крајот на годинава ќе биде промовиран и претставен во Скопје, како и во неколку други градови во земјата.

Би можело да ве интересира

Македонка Божиновска лауреат на „Антево слово“ за 2023/2024 година

Катерина Ѓуровски

Омаж во чест на академик Анте Поповски

Наградата „Антево Перо“ за 2023 година за „50 испеани приказни “ од Александар Русјаков

Катерина Ѓуровски

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Наградата „Антево перо“ за 2022 за стихозбирката „Куќа“ од Јулујана Младеновска Тешија

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антеви Перо“

Ана Ололовска