Излезе од печат втората книга на отец Пимен

Од:

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, од печат излезе втората книга на Отец Пимен, митрополит европски на Македонската православна црква.

Книгата со наслов „Патувајќи“ е збир на колумни кои го тераат и читателот да пропатува преку неговите размисли и ненаметливи совети.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во понеделник во спомен куќата на Татарчеви во Ресен, родниот град на отец Пимен. Во вторник ќе биде промовирана во Прилеп, во среда во Струмица и во четврток во Штип, а во Скопје промоцијата ќе се одржи на 18 септември. Од „Матица македонска“ најавуваат дека книгата ќе биде претставена и во Битола и Куманово.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје