Излезе од печат романот „Утеха за голите“ од Давор Стојановски

Од:

Од печат излезе новиот роман „Утеха за голите“ од Давор Стојановски, добитникот на наградата „Роман на годината 2016“ за книгата „Собирачи на пепел“. Ова е 167 наслов во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, која продолжува со тенденцијата да го нуди дела од новата генерација македонски автори. Дизајнот на корицата го изработи Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Министерството за култура на РМ.

Давор Стојановски (1987, Скопје) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Неговите дела се застапени во домашни и во странски антологии. Неговиот прв роман „Ненасловена месечева соната“ (2013, Или-Или) влезе во потесниот круг за наградата Роман на годината на „Утрински весник“, а вториот роман „Собирачи на пепел“ (2016, Или-Или) ја освои наградата Роман на годината на „Утрински весник“.

За новиот роман „Утеха за голите“, преведувачот и книжевниот критичар Душко Крстевски потенцираше:

„Дали постојат конечни одговори? Дали е можно помирување на оној свет ако тоа не сме го сториле на овој? Дали може да се обвини некој за објектот на неговата страст? Тоа се само дел прашањата, кои Стојановски ги отвора и ги разгледува во своето ново дело. Романот „Утеха за голите“ ги допира и темите на вечноста и бесмртноста, допира неколку горливи етички прашања, ја допира и темата на среќата и радоста во новиот век, се впушта во потрага по утехата во најмрачните периоди на живеењето.

Со неговиот веќе препознатлив стил и одлична реченица, Давор Стојановски раскажува приказна која ќе го заинтригира читателот притоа нудејќи му задоволство далеку од евтините трилери и провидните deus ex machina решенија на современите романи, а сепак да не биде оптоварен со тешка синтакса и безредно нафрлани заплети. Авторот и овојпат раскажува приказна којашто е мрачна и бизарна, без притоа да ја изгуби својата хуманистичка нота во сиот хаос на современото живеење“.

Би можело да ве интересира

Објавен романот за деца „Добар ден, тато“ на хрватскиот писател Стјепан Томаш

Нов роман на Фросина Пармаковска

Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур

Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ отворен до 1. септември

Катерина Ѓуровски

Промовиран романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска

А1он

Објавен романот „Вон жариштето“ од италијанската авторка Кјара Карминати

А1он