Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур

Од:

Излезе од печат романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур во издание на „Перун Артис“ од Битола, а во превод од хрватски јазик на Сашо Огненовски.

Романот се занимава со сагата на млад брачен пар за свој пород, нивната неизвесна и тешка борба да дојдат до свој потомок. Емотивен и мудар, овој роман говори за големиот самопрегор на двајца млади луѓе да си го осмислат својот брак и своето семејство: „Тогаш мораш да се одлучиш и да постанеш човек, додека полека исчезнуваат обрисите на животот за кои си мислел дека се единствени можни. Исчезнуваат луѓето што те носеле на раце и ти пееле приспивни. Сето преминува на тебе. Твој е редот да го чиниш тоа – да бидеш целиот свет, нечиј гранит и слатка карамела на детството.“

Ова е втор превод на македонски јазик на Марко Грегур по неговиот наградуван роман „Вошицки“ во издание на ПНВ Публикации.

Марко Грегур е еден од најпознатите хрватски автори со специфичен стил и голема суштественост во неговите дела. Добитник е на најзначајните хрватски награди меѓу кои „Фриц“ и „Владимир Назор“.

Промоцијата на романот ќе биде а 11 август во Битола во кафе барот „Везилка“.

Би можело да ве интересира

Режисери и продуценти бараат да не се крати буџетот за филм – упатија писмо до Министерството за култура

А1он

Започна Интернационалниот литературен фестивал „Про – ЗА Балкан“

Скопски урбани приказни – во 5 и 17

Костадиновска – Стојчевска: Северна Македонија прави се да биде добар сосед на Балканот и партнер во позитивните промени

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска

Протест на вработените во Македонска филхармонија: Што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција

Ана Ололовска