Излегува од печат научнофантастичниот роман „Нарака“ на Никола Кузелов

Од:

Деновиве се очекува да излезе од печат новиот дистописки роман “НАРАКА” на Никола Кузелов.

Се работи за научно-фантастична приказна инспирирана од светската пандемија. Приказната го следи протагонистот кој живее во непозната дистописка доба додека во светот владее смртоносниот вирус ЈАСК-р3. Сите луѓе се затворени во своите домови и живеат закачени на кабли за напојување како атрофирани суштества. Една вечер тој донесува одлука дека ќе прекине со послушноста и ќе излезе надвор во потрага по промена. По долго лутање, во
внатрешноста на една планина наоѓа скриен град – Нарака. Во градот живеат заштитени менаџерите на општеството и останатите моќници. Овде ја запознава Лилит, млада девојка, ќерка на покојниот креатор на Нарака, која останатите менаџери ја чуваат затворена во дијамантски кафез и ја злоупотребуваат. Штом обичните граѓани ќе пробијат во скриениот град и ќе кренат револуција, тој ја користи приликата да ја спаси Лилит и заедно да избегаат.

Книгата ќе биде објавена од издавачката куќа МЦСП (Меѓународен центар за славјанска просвета), илустратор на корицата е познатиот грчки уметник Адам Мартинакис, а самата книга содржи илустрации од Златко Стровјановски. По излегување од печат се очекува промоција на романот, а Кузелов најавува и онлајн промотивни видеа во режија на Батухан Ибрахим.

Инаку Никола Кузелов е актер и писател кој активно работи на филмски сценарија. Зад себе има неколку кратки и два играни филмови, а најавува и нови проекти. Неговите сценарија се добитници на неколку интернационални награди, како и две награди за најдобар игран филм за „Јавачи на коњи“ во САД и Непал. Неговиот драмски текст “Белешките на немиот писател” е објавен во збирката на нови македонски драми “ЕУРОДРАМ”.

Би можело да ве интересира

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон