Избрани нови уметнички раководители на МОБ

Од:

Нов уметнички раководител на Операта при Македонската опера и балет е Сони Петровски, а уметнички раководител на Балетот е Олга Панго.

Македонската опера и балет денеска информираше дека двајцата раководители се назначени од страна на директорот Игор Дурловски.

Сони Петровски дипломирал и магистрирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Се усовршува на голем број семинари кај еминентни композитори во Македонија и странство. Петровски е вонреден професор на истиот факултет, а од 2012 година е избран за претседател на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на голем број композиции изведени во повеќе од 30 држави, а напишал и две музичко-сценски дела, балетот „Паралели“ и операта „Леандер и Косара“.

Олга Панго дипломирала и магистрирала на Академијата за музичко и танцово искуство во Пловдив, Бугарија. Од 2007 е балетски педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”, а две децении била солистка во Македонската опера и балет. Од 2010 година работи како педагог, репетитор и кореограф во МОБ. Одиграла голем број на главни улоги во балетските претстави на МОБ. Како кореограф е автор на кореографии во балетски, драмски и оперски претстави.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска